Патување во јавен превоз

myki картичката е вашиот билет за јавен превоз за патување со возови, трамваи и автобуси низ Мелбурн и одредени делови од регионална Викторија.

 

myki картичката може лесно да се купи на разни продажни места, вклучувајќи ги сите 7-Eleven, или да се нарача онлајн или преку мобилната апликација PTV.

Hero

Патување во јавен превоз

myki картичката е вашиот билет за јавен превоз за патување со возови, трамваи и автобуси низ Мелбурн и одредени делови од регионална Викторија.

 

myki картичката може лесно да се купи на разни продажни места, вклучувајќи ги сите 7-Eleven, или да се нарача онлајн или преку мобилната апликација PTV.

Мобилна апликација РTV

Испланирајте го вашето патување и управувајте со вашата myki картичка на мобилната апликација на Јавен Превоз Викторија (PTV). Мобилната апликација PTV има разни параметри што ќе ви помогнат да го испланирате вашето патување и го олеснуваат управувањето со вашата myki картичка.

Еве што може да направите на мобилната апликација: 

  • Регистрирајте ја вашата myki
    картичка за да не ги изгубите вашите пари во случај да ја изгубите вашата картичка.
  • Избегнете го чекањето во ред и надополнете ја вашата картичка брзо со скенирање на myki картичката со вашиот мобилен телефон.
  • Создадете кратенка до омилени патувања за брз пристап до информации за редовните маршути.
  • Чекате на автобуска или трамвајска постојка или на железничка станица? Дознајте кога е следното поаѓање.
  • Патувајте полесно со предупредувања за прекини, или дознајте кога поаѓа следниот воз.

Симнете ја мобилната апликација PTV сега и регистрирајте ја вашата myki картичка.
Кликнете на иконата подолу за да ја симнете мобилната апликација PTV за вашиот тип на мобилен телефон.

谷歌商店标志 苹果商店标志

Дознајте повеќе за мобилната апликација PTV и како истата може да ви помогне, подолу.

Hero

Управување со вашата myki картичка и повеќе

Create account 1000w x 400h - Simplified Chinese

Создавање сметка и регистрирање на вашата myki картичка

Ако ја изгубите вашата myki картичка, тоа не значи дека треба да ги изгубите и вашите пари. Регистрирајте ја вашата myki картичка за да можете да си ги вратите парите или да побарате замена за истечена картичка.

  • Отворете ја мобилнатa апликација PTV и изберете ја иконата myki 

  • Изберете “создај сметка” и скенирајте ја вашата myki картичка

  • Внесете ги вашите податоци и кликнете на копчето “Создај“
Instant top up 1000w x 400h

Брзо надополнување

Со мобилната апликација PTV, можете да надополните брзо, дури и додека чекате воз, трамвај или автобус.

  • Отворете ја мобилната апликација PTV и изберете ја иконата myki
  • Скенирајте ја вашата myki картичка
  • Префрлете пари директно од вашиот телефон
Instant top up 1000w x 400h

Проверка на салдото на вашата myki картичка

Со мобилната апликација PTV можете да го проверите вашето салдо во секое време.

  • Отворете ја мобилната апликација PTV и изберете ја иконата myki

     

  • Изберете “Скенирај ја myki картичката – Провери ја сметката“ и скенирајте ја вашата myki картичка

     

  • Салдото  ќе се појави на екранот
Manage multiple mykis 2000x800

Управување со повеќе myki картички

Можете да управувате со myki картичките на вашето семејство од една сметка. Управувајте со максимум 10 myki картички, проверете ги салдата и надополнете брзо, за членовите од вашето семејство да можат секогаш да патуваат во јавен превоз со важечки билет.

  • Најавете се на вашата myki сметка и изберете “Додај друга myki картичка“

  • Скенирајте ја myki картичката

  • Внесете ги податоците на носителот на myki картичката за да ја додадете картичката
Mobile myki

Mobile myki (myki на мобилен телефон)

Ако имате мобилен телефон со Андроид оперативен систем, можете да додадете дигитална myki картичка во вашата мобилна апликација Google Wallet™.

Тоа е Mobile myki. Користете го Mobile myki за да се валидирате со вашиот Андроид телефон и користете ја мобилната апликација PTV за да ја надополните вашата myki картика и да го проверите вашето салдо.

Set auto top up

Поставување на автоматско надополнување

Поставете автоматско надополнување за никогаш да не останете без средства
Изберете минимално салдо и износ за автоматско надополнување. Штом ќе го достигнете минималното салдо, вашата myki картичка ќе биде надополнета со износот што сте го поставиле за автоматско надополнување.

Можете да поставите автоматско надополнување и за вашите деца, доколку управувате со нивните myki картички.

  • Регистрирајте ја вашата myki картичка и изберете автоматско надополнување

  • Поставете го вашето минимално салдо

  • Изберете го износот за автоматско надополнување

     

Favourite 1000w x 400h

Омилени

Зачувајте ги омилените и чести постојки, линии, патувања и адреси за брз пристап.

Refund 1000w x 400h

Рефундирање на регистрирана myki картичка

Вашето салдо е заштитено доколку вашата myki картичка е регистрирана. Вашето myki салдо можете да го рефундирате на друга myki картичка или на вашата австралиска банковна сметка.

За повеќе прирачници, посетете ја страната “Користење на мобилната апликација PTV“.

Доколку имате проблем при користењето на мобилната апликација и сакате да нè известите за тоа, што повеќе информации ни доставите, толку полесно ќе ни биде да го разгледаме проблемот.

Погледнете какви информации ни помагаат во разгледувањето на проблеми со апликацијата.

Безбедно патување во мрежата

Располагаме со информации за вашата и безбедноста на другите патници во и околу мрежата на јавниот превоз со безбедно патување во мрежата.

Работиме во соработка со Полицијата на Викторија и операторите на јавен превоз за да го направиме вашето патување во мрежата на јавниот превоз побезбедно.

Дознајте повеќе за вработените и безбедносните мерки на Безбедност што може да ја видите.